[ФОТО] „Повеќе не личи на себе“: На социјалните мрежи се расправа за лицето на славната актерка

Точка

13/05/2026

15:20

551

Големина на фонт

а а а

Појавувањето на Линдзи Лохан на претставувањето на програмата на Дизни за 2026 година предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Најмногу се коментира младоликиот изглед на 39-годишната актерка, чие блескаво лице повторно поттикна шпекулации за можни естетски зафати.

Расправи на социјалните мрежи

Корисниците на социјалните мрежи, особено на Редит, веднаш почнаа да го анализираат изгледот на некогашната детска ѕвезда. Многумина ја споредуваа со други познати актерки, а некои тврдеа дека е речиси непрепознатлива.


„Мислев дека ова е Џулија Робертс. Непрепознатлива е“, напишала една корисничка. Друга тврди дека Лохан повеќе не личи на себе, туку на актерката Менди Мур. „Зошто овие жени одлучуваат да станат непрепознатливи?“, гласи друг коментар.

Еден корисник духовито напишал: „Да ми ја покажевте оваа нејзина фотографија и да ми понудевте 100 долари за да погодам за кого станува збор, можам со сигурност да кажам дека ќе останев со празен паричник“.

Сепак, има и такви кои го пофалија изгледот на актерката. Во еден коментар беше истакнато дека нејзиниот наводен „фејслифтинг“ е токму таков каков што „сите други се обидуваат да постигнат“.


Ја пофалила својата дерматологинка

Среде расправите за нејзиниот изглед, актерката, која од 2014 година живее во Дубаи, се огласи на Инстаграм. Имено на својата Инстаграм приказна Лохан објави селфи со познатата дерматологинка од Обединетите Арапски Емирати, д-р Радмила Лукијан.

Покрај фотографијата напиша дека е „далеку од Дубаи“ и додаде: „Мојата кожа дефинитивно го чувствува тоа“ и ја означи својата омилена експертка за нега на кожа порачувајќи: „Едвај чекам да се вратам“.


Интересно е што д-р Лукијан на својот Инстаграм профил има истакната фотографија со Лохан од декември 2024 година, покрај која стои описот: „Довербата и самодовербата се темелот на нашиот однос“.

Актерката за естетските зафати

И покрај гласините, Линдзи претходно тврдела дека не се подложила на естетски операции за да постигне беспрекорен тен и лице без брчки. За тоа зборувала во мај 2025 година во интервју за магазинот „Elle“, во кое нагласила дека нејзиниот пристап кон убавината се темели на здрав начин на живот и нега на кожата, а не на хирургија.

„Сите користат ботокс“, признала тогаш, но на прашањето за сопствените тајни за убавина одговорила: „О, Боже, не знам ни како би одговорила на тоа“. Сепак, открила дел од својата рутина.


„Секое утро пијам сок од морков, ѓумбир, лимон, маслиново масло и јаболко. Исто така пијам многу зелен чај и вода“, рекла актерката.

Споделила и еден необичен детаљ: „Голема љубителка сум на кисела цвекла, па ја ставам речиси во сè“. Својата утринска рутина, како што рекла, ја започнува со миење на лицето со ледена вода, пиење вода со чиа семе и секојдневно користење перничиња за пределот околу очите.