Генералниот директор на Светската здравствена организација и шпанскиот премиер одржаа разговори во врска со справување со епидемијата на хантавирус на крузерот MV Hondius. Властите уверуваат дека ситуацијата е под контрола, без знаци на поголемо ширење, но останува следење поради специфичната природата на вирусот.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус се сретна во Палатата Монкло со шпанскиот премиер Педро Санчез за да разговараат за операцијата спроведена по епидемијата на хантавирус на крузерот „MV Hondius“.
Тедрос оцени дека СЗО побарала помош од Шпанија, бидејќи ситуацијата ги надминала капацитетите на Зеленортските Острови, кои во тој момент биле најблиску до местото на инцидентот, објави „Ел Паис“.
Тој го намали ризикот од поширока епидемија, наведувајќи дека „во моментов ништо не укажува на поголемо ширење“ на вирусот, но предупреди дека ситуацијата сè уште се следи поради долгиот период на инкубација.







