[ФОТО] Најпознатиот остров на Балканот пет години беше затворен за јавноста! По големата драма, повторно се отвара

Точка

12/05/2026

11:50

296

Големина на фонт

а а а

Драматични контрасти, од зип-лајн над најдлабокиот европски кањон и кајтсурфинг на реките, до истражување на богатата културна историја која ја сочинуваат римски мозаици и православни манастири, сè во атмосфера на гостопримливост и мултикултурност, ќе ги најдете во Црна Гора.

Меѓу нејзините најпопуларни туристички дестинации се издвојуваат Котор, Будва, Тиват и Херцег Нови, додека љубителите на природата ги привлекуваат националните паркови Скадарско Езеро, Биоградска Гора, Ловќен, Дурмитор и Проклетие.

Една од трите плажи на островот останува резервирана само за гостите на хотелот

Но овие денови од блиската земја пристигнува уште една фантастична вест: како што пренесува порталот „Euro News“, едно од најпознатите места на црногорското крајбрежје, луксузниот ресорт Свети Стефан, наскоро повторно ќе ги отвори вратите за гостите, по тоа што беше затворен цели пет години.


Легендарниот комплекс, со кој денес управува брендот „Aman“, бил омилена дестинација на познати личности како холивудските актерки Елизабет Тејлор и Мерилин Монро, а во последните години се најде во центарот на спор околу пристапот до плажите. Но сега локалното население ќе има бесплатен пристап до две од трите плажи во близина на луксузниот ресорт, додека една и понатаму ќе остане резервирана исклучиво за гостите на хотелот.

По петгодишна пауза, летната сезона во ресортот почнува на 1 јули

Островчето Свети Стефан, кое е поврзано со копното со тесна песочна превлака, а од Будва е оддалечено околу 10 километри, југословенската власт го претворила во хотел уште во 1950-тите години. Ресортот по реновирањето повторно бил отворен во 2009 година под името „Aman Sveti Stefan“, но веќе во 2021 бил затворен откако жителите побарале слободен пристап до плажите спроти хотелот.


Како што е најавено, летната сезона во ресортот ќе започне на 1 јули, а локалното население ќе има пристап до плажите Свети Стефан и Кралевата плажа, додека Краличина плажа ќе остане ексклузивно достапна само за гостите на „Aman“. Црногорските власти исто така се пофалија со постигнатиот договор според кој во паркот Милочер повеќе нема да има дополнителна изградба надвор од постојните дозволи.

Одмор во прекрасни камени куќи од 15 век со поглед на синиот Јадран

„Аман Свети Стефан“ се состои од 33 куќички и апартмани сместени на самиот остров, како и неколку апартмани во склоп на вилата Милочер која пак припаѓа на копното. Додека островскиот ресорт ќе работи сезонски, претходно споменатата вила, некогаш летна резиденција на кралицата Марија Караѓорѓевиќ, ќе биде отворена во текот на целата година, почнувајќи од 22 мај.


Сместувањето на островот е организирано во внимателно обновени камени куќи од 15 век, кои нудат поглед на море или градини. Најголемиот апартман, „Sveti Stefan Suite“, има приватен базен, одделен дневен престој, трпезарија, парна бања и оставa, додека „Vila Miločer“ има шест резиденции во главната зграда, како и уште две во одделен објект.

Медитеранска, класична и модерна кујна, како и познатата италијанска кујна

Тука се наоѓа и „Aman Spa“, сместен во приватно заливче на Краличина плажа. На гостите им се достапни четири двокреветни соби за третмани, внатрешен базен долг 24 метри и три хидротерапевтски зони. Фитнес центарот се простира на 140 квадратни метри и вклучува студио за пилатес и јога, наменето за приватни или помали групни тренинзи.


На црногорскиот остров Свети Стефан се наоѓаат и три сезонски ресторани. „Arva“ служи италијанска кујна, „Piazza“ е комбинација од бар, таверна, енотека и антипасти бар со рустикални медитерански јадења, додека „Cliff Pool Bar“ се наоѓа покрај базенот и е наменет исклучиво за возрасни.


За крај, ресторанот „Vila Miločer“ со поглед на Кралевата плажа нуди класични и модерни јадења инспирирани од целата јадранска регија.