Британската манекенка Кристин Мекгинис се појавила на црвениот килим на доделувањето на БАФТА ТВ наградите во Лондон во модна комбинација со која уште еднаш го привлекла вниманието.
Нејзиниот фустан открил повеќе отколку што покрил, додека изразеното деколте толку многу ги истакнало нејзините бујни гради што тешко можеле да поминат незабележано.

38-годишната манекенка се одлучила за фустан во боја на праска со црн долен дел и смел корсет. Рамената и деколтето ѝ биле голи и без накит, додека на рацете носела долги црни ракавици со прстени и алки.

Косата ѝ била собрана во долга руса опашка со бранови. Манекенката се вртела во круг и се насмевнувала пред фотографите во „Royal Festival Hall“, додека многумина ја вброиле меѓу најлошо облечените гости на вечерта.

Со оглед на тоа дека станува збор за свечен настан со доза елеганција, нејзиниот избор од модната куќа „House of Alvin“ се нашол на мета на критики како „оскуден“ и „несоодветен“ за престижниот настан.
На социјалната мрежа Икс се појавија бројни коментари за манекенката и ријалити ѕвезда: „Елегантно? Не би рекла баш дека е елегантно, не би ја виделе Кејт Мидлтон во нешто што не ѝ прилега“, „Штета што не можела да си го дозволи остатокот од горниот дел на тој фустан“, „Изгледа навистина многу лошо“, се само дел од коментарите.

Кристин пристигнала на настанот кратко откако медиумите шпекулираа за нејзиното враќање кај поранешниот партнер Вил Нџобву, со кого повторно се појавила во јавност. Потсетуваме, претходно беше во брак 11 години, а пред четири години се разведе од поранешниот сопруг, комичарот Педи Мекгинис.









