Оваа комбинација од овошје може да го подобри здравјето на срцето – научниците открија каков ефект има

Точка

11/05/2026

17:36

262

Големина на фонт

а а а

Нова студија покажува дека секојдневната комбинација од манго и авокадо кај лица со предијабетес може да ја подобри функцијата на крвните садови и да придонесе за подобро здравје на срцето, благодарение на влакната, калиумот и здравите масти.

Новите истражувања покажуваат дека комбинацијата од манго и авокадо може да има позитивно влијание врз здравјето на срцето. Иако и двете намирници поединечно се богати со хранливи материи, нивното заедничко дејство може да даде уште подобри резултати.


Студијата, спроведена на возрасни лица со предијабетес, покажала дека секојдневното консумирање едно авокадо и една шолја манго во текот на осум недели може да ја подобри функцијата на крвните садови. Станува збор за способноста на крвните садови да се шират, што е важен показател за здравјето на срцето и циркулацијата.


Експертите објаснуваат дека ваквите резултати се поврзани со високата содржина на влакна, калиум, витамини и здрави масти во овие намирници. Овие супстанции помагаат во намалување на воспаленијата и го подобруваат протокот на крв.


Сепак, се нагласува дека се потребни дополнителни истражувања, бидејќи студијата била спроведена на помал број испитаници. Исто така, лицата со одредени здравствени проблеми, особено со заболувања на бубрезите, треба да бидат внимателни поради поголемиот внес на калиум.


Манго и авокадо лесно можат да се вклучат во секојдневната исхрана преку смути, салати или како додаток во оброците.