Унгарија: Нема повеќе уцени со вето во ЕУ

Макфакс

11/05/2026

11:37

204

Големина на фонт

а а а

Новата унгарска министерка за надворешни работи најави дека Унгарија престанува да го користи ветото како средство за политички притисок во ЕУ и ќе се посвети на јакнење на довербата со другите земји-членки. Промената доаѓа по долготрајната влада на Виктор Орбан и носи обновен фокус на националните интереси и заштитата на унгарското малцинство во Украина.

Новата унгарска министерката за надворешни работи, Анита Орбан, најави значајна промена во стратегијата на Будимпешта во рамките на надворешната политика.

Пред денешниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, таа истакна дека нејзината држава повеќе нема да го користи правото на вето како средство за политички притисок и ќе се посвети на обновување на довербата меѓу земјите-членки на ЕУ и НАТО.

Анита Орбан напомена дека во минатото Унгарија често претставувала пречка во процесот на донесување одлуки на европско ниво.

„Ветото не го применувавме како крајна мерка, туку го користевме повеќе за политички маркетинг“, изјави таа.

Во однос на односите со Украина, таа потенцираше дека Будимпешта ќе го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија доколку тоа е во согласност со нејзините национални интереси. Исто така, ќе продолжи да се залага за заштита на правата на унгарското малцинство во оваа земја.

Овие објави следат по завршувањето на владеењето на поранешниот премиер Виктор Орбан, кој беше на чело на Унгарија цели 16 години.

Петер Маѓар, кој до неодамна беше опозициски лидер на партијата Тиса, неодамна положи заклетва и ја презема функцијата премиер. Претходно, парламентот избра нова претседателка, која една од првите мерки ја врати Европската Унија знаме на зградата на парламентот.