[ВИДЕО/ФОТО]: Масовен пожар го зафати Чернобил – што треба да знаете

Макфакс

10/05/2026

15:27

717

Големина на фонт

а а а

Во областа околу Чернобил избувна голем пожар кој за кратко време се прошири десетпати повеќе од првичното. Иако пожарот предизвикува зголемување на радиоактивниот чад во зоната на исклучување, властите нагласуваат дека за сега нема опасност за населението во пошироката околина. Пожарникарите се опремени со специјална заштита, додека експертите ја следат состојбата за да спречат ширење на радијацијата.

Опсежен пожар избувна во зоната за исклучување околу Чернобил, а за само 24 часа неговата површина значително се зголеми, речиси десеткратно.

Местото е под постојано набљудување од Државниот научно-технички центар за нуклеарна и радијациска безбедност на Украина, при што моментално не постои закана од радијација за населението надвор од оваа затворена зона.

Надлежните служби редовно ги анализираат условите, движењето на чадот и временските фактори, како и ризикот од ширење на радиоактивни честички.

Раководителот на лабораторијата за проценка и прогноза на радиоактивни ризици, Јуриј Кириленко, истакна дека моменталните предвидувања не сугерираат опасност за граѓаните надвор од зоната.

Тој исто така посочи дека најголема опасност претставува за пожарникарите и персоналот кој е вклучен во гаснењето, поради потенцијален контакт со чад и радиоактивна прашина.

Пожарникарите користат заштитна опрема од највисок тип

Украинските власти предупредуваат дека има ризик од изложување на радијација во рамките на областа каде што гори пожарот, но сите спасувачки екипи работат со соодветна заштитна опрема.

Специалистите истакнуваат дека поради високата температура и долго траењето на пожарот, чадот и честичките можат да се подигнат во повисоките слоеви на атмосферата и да патуваат на значајни растојанија.

На некои места, радиоактивните честички можат привремено да се спуштат на земјата преку дожд или прашина.

Радијацијата во соседните земји останува стабилна

Украинските научници посочуваат дека пожарот не создава нови радиоактивни материи, туку само мобилизира и прераспределува веќе присутните во природата.

Во моментот нема регистрирани зголемувања на радијационото ниво надвор од областа во близина на Чернобил.

И Латвија потврди дека не е забележано зголемување на радијацијата на нејзина територија.