Актерката и пејачка Селена Гомез пристигнала на премиерата на документарецот на Нетфликс и покрај сите коментари што одвреме-навреме ја следат.
Иако поминала низ вистински пекол и сега конечно ужива во бракот со Бени Бланко, Селена и понатаму се соочува со критики.

За да го сврти вниманието од сето тоа, блеснала на црвениот килим и тоа во фустан покрај кој не ви е потребен никаков накит, пишува „Marie Claire“.

Малиот црн фустан со миди должина, украсен со ситни мониста, Селена го искомбинирала со елегантни црни салонки со тенко ременче, а косата и била собрана во пунџа.

Бидејќи моделот на фустанот цело време бил во фокусот, многумина ги интересирало и кој стои зад тој избор. Како што пишува „Marie Claire“, станува збор за модната куќа Каролина Ерера, од колекцијата пролет 2026.
Наводно, фустанот чини околу 10.000 евра и не е познато точно колку мониста има на него.

На овој настан блеснала и Кејт Хадсон, која, за разлика од Селена, сакала да биде и повеќе од провокативна.







