[ВИДЕО] Југословенската актерка со тешка судбина, снимена по долго време: Танцувала на улица

Точка

07/05/2026

17:00

1.722

Големина на фонт

а а а

Некогашната југословенска актерка Весна Пеќанац, која ја погодила тешка судбина била снимена во јавност по подолго време.

Таа танцувала во Кнез Михаиловата улица во Белград, а снимката го привлекла вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Заиграла додека млади музичари го изведувале хитот на Глорија Гејнор „I Will Survive“.


„Нашата позната актерка Весна Пеќанац, скромна, радосна и искрена, додека оставаше прилог за младите уметници“, напишала музичарката Катарина Савиќ.

Актерката веќе со години се храни во народна кујна. Откако почина нејзиниот сопруг, режисерот Живко Николиќ, таа паднала во тешка депресија.


„Колку оваа земја ѝ згреши на ваква голема актерка. Прекрасна Весна“, „Државо, дали се срамиш поради оваа жена? Мислам дека Србија е единствената земја во светот што во културата ги понижува и уништува сите и сè што вреди. Браво, Весна“, „Солза во окото. Секогаш гордо го носи својот товар и тагата. Живко би бил горд“, се дел од коментарите на Инстаграм.



Весна е една од најпрепознатливите актерки на поранешна Југославија. Работела во „Ателје 212“ во Белград. Глумела во бројни филмови на својот сопруг Живко Николиќ, меѓу кои се „Чудо невидено“ и „Убавината на порокот“, како и во серијата „Ѓекна уште не умрела, а кога ќе умре не знаеме“.