Актерот Џеф Даниелс се осврна на една од најиконичните улоги во својата кариера, и тоа во филмот „Dumb and Dumber“.
Во неодамнешно интервју за „Hour Detroit“, Даниелс истакна дека неговите претставници биле загрижени поради понудата да глуми во оваа комедија од 1994 година.
„Сакав да работам на таа комедија, а моите агенти се обидоа да ме одвратат од работа на овој проект“, изјави тој.

И покрај предупредувањата, Даниелс одлучил да продолжи со проектот, што подоцна се покажа како еден од пресудните моменти во неговата кариера. Во филмот „Dumb and Dumber“ тој го глумеше Хари Дан заедно со Лојд Кристмас на Џим Кери, создавајќи уникатна комична двојка.
Даниелс призна дека неговите агенти на почетокот не сакале тој да ја прифати улогата, и истакнува дека ретко ги слушал нивните совети.

„Нивниот став беше: ‘Се обидуваме да те претвориме во сериозен драмски актер. Можеш да работиш комедија, но не можеш да работиш глупава комедија наменета за 12-годишни момчиња’. Работев на некои независни филмови кои не заработија пари затоа што ги сакав сценаријата и знаев дека можам да направам повеќе. Мислев дека ако можам да работам на ‘Dumb and Dumber’ и да останам со Џим Кери, тоа е мојот домет“, наведе тој.






