Арсен Венгер од стартот на сезоната цврсто веруваше дека е дојдено време Арсенал да ја освои титулата во Премиер лигата, но откако оваа генерација на Микел Артета навистина ги исполни неговите очекувања, славниот Французин сега е решен дека овој тим може да направи уште еден исчекор.
По големото славје кое беше актуелно изминатиов викенд, Арсенал полека се насочува кон најважниот натпревар во поновата историја, односно финалето со ПСЖ во Лигата на шампиони.
Венгер загуби во единственото финале од кое беше дел на доста болен начин од Барселона, но верува дека судбината сега ќе биде поинаква за Артета и неговите миленици.
Арсен собра храброст и излезе со тип на три дена пред големото финале во Будимпешта, односно нагласи дека верува во победа на Арсенал.
– Овој трофеј треба да заврши онаму кадешто недостасува, а тоа е на „Емирејтс“. Го имавме допрено претходно, бевме 13 минути далеку од тоа да биде во наш посед, но сега верувам дека ќе одиме до крајот.
– Отсекогаш сум велел дека треба напорно да работите за да бидете во добра положба за трофеи. Верувам дека дојдовме до фаза кога треба да го зграпчиме трофејот во Лига на шампиони. Се уште верувам дека шансите се 50-50 во едно финале, но ако треба да се обложам, тоа ќе го направам на Арсенал, а не на ПСЖ.
– Клубот ја заслужуваа оваа титула, оваа сезона заслужува таков крај после се што беше преживеано. Сметам дека Арсенал полека гради своја историја и ќе биде поблиску до трофејот. Исто така, верувам дека дојде време во кое Арсенал ќе доминира во Премиер лигата во периодот кој следи, – вели Венгер.





