Доналд Трамп со години јавно истакнуваше дека легендарниот, непоразен Дагестанец Хабиб Нурмагомедов е негов апсолутен миленик во „UFC“.
Сепак, се чини дека доминацијата на „Орлот“ со текот на времето паднала во втор план, бидејќи се појави нова сензација во тешка категорија која го привлече неговото внимание. Трамп сега има нов фаворит, а неговото име е Џош Хокит.
Хокит, познат по прекарот „The Incredible Hok“, направи вистински спектакл на настанот „UFC 327“ одржан во Мајами минатиот месец. Во третата борба од главниот дел на програмата славеше против искусниот Кертис Блејдс, во меч што беше вистинска тешкашка војна и веќе е прогласен за еден од класиците.

Оваа победа го лансираше Американецот директно меѓу петте најдобри предизвикувачи во тешка категорија – и тоа по само три настапи во „UFC“. Покрај големиот скок на ранг-листата, Хокит дополнително порасна и во очите на Доналд Трамп.
Гостувајќи во емисијата „Smash Cast“, Хокит се потсети на интересен момент кој се случил веднаш по борбата, додека исцрпен и повреден се движел кон амбулантно возило:
„Кога одев кон брзата помош по борбата, ми пријде ’matchmaker‘-от на „UFC“, Мик Мејнард, и ми рече: ’Ти сега си новиот омилен борец на Доналд Трамп‘.“

Трамп – долгогодишен фан на „UFC“
Доналд Трамп е познат како долгогодишен љубител на „UFC“, а претседателот на организацијата, Дејна Вајт, често ја истакнува неговата улога во раните денови, кога им ги отстапувал своите хотели за одржување на настани.
За време на гостување кај Ејден Рос во 2024 година, Трамп објасни зошто Хабиб Нурмагомедов бил негов број еден:
„Хабиб беше 29-0, а потоа му почина татко му и тој се повлече. Мислам дека никогаш не изгуби ни рунда. Се бореше многу пати и никогаш не изгуби рунда.“

Нов миленик на хоризонтот
Сепак, неколку години по повлекувањето на Хабиб, се чини дека Трамп пронашол нов миленик. Хокит веќе во јуни ќе има можност дополнително да го зацврсти тој статус, и тоа на историски настан кој би требало да се одржи на тревникот на Белата куќа.
Неговиот противник ќе биде познатиот нокаутер Дерик Луис, а интересно е што токму Трамп лично побарал популарната „Црна Ѕверка“ да биде вклучена во овој боречки спектакл.







