Ротари клуб Кочани-Виница со донации кои менуваат живот – 170 нови инвалидски колички и противпожарно возило за Виница

Точка

05/05/2026

11:55

151

Големина на фонт

а а а

Ротари клуб Кочани–Виница реализираше две значајни донации во изминатиот период.

Првата донација е голема хуманитарна акција - 170 нови инвалидски колички, наменети за лица на кои им е потребна поддршка, мобилност и поголемо достоинство во секојдневието.

„Денес не зборуваме само за донација. Денес зборуваме за промена на животи. Овие 170 колички (150 мануелни + 20 акумулаторски – автоматски) не се само помагала – тие се слобода на движење, достоинство, нова надеж; за едни – можност повторно да излезат надвор, за други – полесен секојдневен живот, за семејствата – олеснување, сигурност и поддршка.

ГОЛЕМА ХУМАНИТАРНА ДОНИЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА ШТО МЕНУВА ЖИВОТИ

♿ 170 ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИ – НОВА НАДЕЖ ЗА МНОГУ ГРАЃАНИ


Со...

Posted by Rotary CLUB Kochani-Vinica on Tuesday, May 5, 2026

Оваа значајна донација е овозможена од нашите пријатели од GNTC Foundation од Косово, кои покажуваат дека хуманоста нема граници“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Дистрибуцијата започнува од следната недела согласно реалните потреби на граѓаните и здравствените институции низ цела Македонија – таму каде што е најпотребно.

До денес, овој клуб има донирано над 300 инвалидски колички што значи стотици подобрени животи.

Втората донација која ја реализираше Ротари клубот Кочани-Виница заедно со групацијата „Roto M Vinica“ е противпожарно возило Мерцедес за Виница, донирано пред околу 10 дена. Ова е второ противпожарно возило во период од 6 месеци кое клубот го обезбеди за потребите на заедницата и поголема безбедност на граѓаните.

Денес официјално беше предадено противпожарното возило Мерцедес – донација од клубот и групацијата Roto M Vinica што...

Posted by Rotary CLUB Kochani-Vinica on Monday, April 27, 2026