Од денес, Македонски Телеком ќе овозможи побрзо и поудобно патување со M-TAG, уред за електронско плаќање патарини. Со овој уред, поминувањето низ наплатните рампи е брзо, без чекање, а патувањето е пократко, со помалку гужви и без потреба од готовина.
Како да набавите M-TAG
Уредот е достапен за сите и може да се набави во Т продавниците. Цената на уредот е 1.175 денари со ДДВ и може да се плати на 24 рати, или со еднократен надоместок.
За наплата на патарините преку M-TAG достапни се три начина: со платежна картичка, со месечна постпејд сметка или со надополнување на припејд сметка.
За активирање на M-TAG, потребна е регистрација на: www.telekom.enp.mk.

Како функционира M-TAG
Уредот се поставува на внатрешната страна на ветробранското стакло на возилото. Во специјално означената M-TAG лента, системот го препознава уредот, наплатата се извршува автоматски и рампата се отвора без запирање.
Оваа услуга се реализира во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и е дел од заложбата на Телеком да излезе во пресрет на потребите на корисниците во дигиталното време и да им пружи едноставно, и непречено искуство без грижи.
Засега M-TAG може да се користи во Македонија, а наскоро и во соседните земји.
Повеќе информации на: www.telekom.mk.
Комерцијален текст







