Земјотрес од 4,1 степени во Србија: „Мислев дека зградата ќе се урне“

Макфакс

05/05/2026

10:00

499

Големина на фонт

а а а

Силен земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер ноќеска ја погоди северна Србија, со епицентар кај Бездан во близина на Сомбор, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Потресот бил регистриран во 2:35 часот, а само десетина минути подоцна следувал и втор, послаб земјотрес со јачина од 2,5 степени.

Земјотресот се почувствувал низ поширокиот регион – во Војводина, источна Хрватска, јужна Унгарија и северна Босна и Херцеговина. Според надлежните, интензитетот во епицентарот достигнал шест степени според Меркалиевата скала, што може да предизвика помали оштетувања.


Граѓаните сведочат дека потресот бил силен и вознемирувачки.

„Скокнав од креветот колку силно тресеше“, напишал еден жител на социјалните мрежи, додека друг навел: „Ме разбуди од сон, мислев дека зградата ќе се урне.“

Слични реакции имало и во источна Хрватска, каде жители опишале дека „целата куќа се тресела како да удрил автомобил во неа“.

Засега нема информации за повредени или за поголема материјална штета.