[ФОТО] Како ќе изгледаше Скопје ако го послушавме Кензо Танге? Вештачката интелигенција го оживеа планот на јапонскиот архитект

Точка

05/05/2026

20:24

1.521

Големина на фонт

а а а

Во 1965 година, јапонскиот архитект Кензо Танге доби мандат да го замисли новото Скопје по катастрофалниот земјотрес. Планот постоеше, моделот беше изработен, но реализацијата застана на половина пат.

Денес повторно се наметнува истото прашање: ако сè се реализираше според замислата, како ќе изгледаше Скопје денес? Благодарение на визуелизации креирани со помош на вештачка интелигенција, кои ги објави порталот „Фокус“, добиваме појасна слика за таа алтернативна урбана иднина.


Во визијата на Танге, Вардар не го дели градот – туку го поврзува. Двата брега се споени со широк пешачки коридор, исполнет со зеленило, без автомобили и без бетонски бариери. На местата каде што денес има прометни раскрсници, се протега мирна зелена оска.


Клучна улога имала и железничката станица. Таа требало да биде издигната околу 15 метри над земјата, со автобуска станица под неа – функционален транспортен јазол наместо денешниот фрагментиран простор. Токму таму каде што денес има запуштени површини, бил предвиден динамичен центар на градскиот живот.


Градскиот ѕид, составен од мегаблокови, бил замислен како жива граница на центарот – со зелени покриви и јавни содржини во приземјето. Овој концепт не бил само архитектонски, туку и социјален обид за создавање поврзан и функционален град.


Споредбата меѓу оригиналниот модел од 1965 година и современите AI-визуализации не е носталгија, туку потсетник на една поинаква урбана можност. Скопје во тие рендери изгледа пошироко, позелено и поорганизирано.

Но, останува прашањето – дали таквиот град навистина би функционирал?