ЕУ бележи раст на пријавите за сексуално насилство и силување

Макфакс

05/05/2026

09:48

144

Големина на фонт

а а а

Полициските служби низ Европската Унија во 2024 година регистрирале повеќе од 256.000 кривични дела поврзани со сексуално насилство, а 38 проценти од нив се однесувале на силување.

Според податоците на Евростат, бројот на пријавени случаи на сексуално насилство пораснал за пет проценти во однос на 2023 година, додека пријавите за силување се зголемиле за седум проценти.

Најголем број случаи биле пријавени во Франција, Германија и Шведска.

Експертите посочуваат дека растот може делумно да се должи на поголема подготвеност на жртвите да ги пријавуваат ваквите дела, како и на подобрени механизми за поддршка и заштита.