Ерупција на вулкан на Филипините

Макфакс

05/05/2026

10:50

124

Големина на фонт

а а а

Вулкан во централните Филипини еруптираше рано утрово, испраќајќи облак од пепел во воздух на околу 800 метри, што ги натера властите да го одржат сегашното ниво на тревога, објави Анадолија.

Според Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs), ерупцијата на вулканот Канлаон се случила кратко по зората, при што пепелта се ширела кон запад. Второто ниво на тревога останува на сила, што укажува на зголемена вулканска активност, објави локалниот медиум Inquirer.

Во последните 24 часа се регистрирани неколку емисии на пепел и вулкански потреси, заедно со покачени нивоа на сулфур диоксид и континуирано поместување на земјата.

Властите ги предупредија граѓаните да останат надвор од постојаната опасната зона во радиус од четири километри поради ризикот од ненадејни ерупции.