Брод под американско знаме помина низ Ормускиот теснец со американска воена придружба

Макфакс

05/05/2026

08:33

184

Големина на фонт

а а а

Бродската компанија „Маерск“ објави дека „Алијанс Ферфакс“, носач на возила под американско знаме, управуван од нејзината подружница „Фарел Лајнс“, вчера излегол од Персискиот Залив преку Ормускиот теснец, придружуван од американските воени сили.

Американските сили активно помагаат во напорите за враќање на комерцијалниот превоз низ Ормускиот теснец, објави Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа Икс. Околу 20 проценти од светската нафта поминала низ клучниот морски премин пред неговото затворање по почетокот на американско-израелската војна со Иран.

„Како прв чекор, два трговски брода под американско знаме успешно поминаа низ Ормускиот теснец“, соопшти ЦЕНТКОМ на Икс, додавајќи дека разорувачи со водени ракети на американската морнарица дејствуваат во Заливот како дел од операцијата наречена „Проект Слобода“.

„Маерск“ нагласи дека минувањето на „Алијанс Ферфакс“ било без инциденти и дека сите членови на екипажот биле безбедни и неповредени. „Маерск“ ја купи компанијата „Фарел Лајнс“ со седиште во Вирџинија во 2007 година.

„Алијанс Ферфакс“ беше меѓу стотиците бродови што останаа заглавени во Персискиот Залив откако Ормутскиот теснец беше блокиран на почетокот на март. Најмалку уште еден брод што плови под американско знаме останува во областа на Заливот.