Актерот од серијата „Stranger Things“, Гејтен Матарацо (23), иако сè уште е многу млад, веќе осум години ужива во љубовта со Елизабет Ју.
Двајцата имале по 15 години кога ја започнале романсата и успеале да ја одржат сè до денес.

Гејтен гостувал во поткастот кај Челси Хендлер, која го прашала како е можно да опстанале толку долго уште од тинејџерските денови, пишува „Пипл“.
„Клучно беше тоа што се приспособивме на разделеноста. На тоа некако бевме принудени уште од самиот почеток. Јас работев на серијата, а и таа градеше кариера во истата индустрија. Голем дел од нашата работа вклучува патувања, па способноста добро да комуницираме во такви услови беше знак дека нашата врска добро функционира“, објаснил младиот актер.

Како што рекол Гејтен, им помага и фактот што секогаш се враќаат еден на друг во истиот град. Со оглед на тоа што сè уште не живеат заедно, водителката се пошегувала дека можеби токму тоа е клучот на нивната успешна врска.





