Ембид и Макси го шокираа Бостон, Филаделфија стави крај на црната серија во дуелите со Селтикс

Дерби

03/05/2026

09:57

127

Големина на фонт

а а а

Филаделфија го шокираше Бостон на гостински терен (100:109) и со целосен пресврт во серијата успеа да си обезбеди полуфинале во источната конференција на НБА плејофот.

76-ките имаа негатива од 3:1 во серијата и станаа само четиринаесетта екипа која успеала да се врати од таа негатива во плејофот, а со тоа ставија крај и на една долга, црна серија во плејоф дуелите со Бостон.

Новиот полуфиналист ги немаше елиминирано Селтикс уште од 1982 година, а овојпат тоа му успеа благодарение на одличната форма на Ембид и Макси.

Тандемот стана прв кој имал ефект 30-10-5 на седми натпревар од плејофот, а изразено во бројки, кај Ембид тоа подразбира 34 поени, 12 скокови и 6 асистенции, додека Макси го заврши натпреварот со 30 поени, 11 скокови и 7 асистенции.

Браун со 33 поени беше најистакнат поединец во редовите на Бостон, кој рано го заврши настапот сезонава и нема да може да ги оствари своите поголеми амбиции во актуелниот плејоф.

Филаделфија во следната рунда оди во нов класик и соочување со Њујорк Никс.