Новата фотографија од Гонзало Игуаин (38), еден од најдобрите аргентински напаѓачи на овој век, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Поранешниот фудбалер, кој од терените се прости пред четири години бил фотографиран во издание во какво јавноста не е навикната да го гледа, што изненади многумина љубители на фудбалот.
Одлуката на Игуаин да ја заврши кариерата во летото 2022 година изненади многумина. Имаше само 34 години и зад себе добра сезона во Интер Мајами, за кој во својата последна сезона постигнал 16 гола. Сепак, едноставно ја загубил страста кон играта. За репрезентацијата на Аргентина впишал 75 настапи и постигнал 31 гол.
Професионалната кариера ја започнал во Ривер Плејт, од каде што како многу млад пристигнал во Реал Мадрид. Потоа играл за Наполи, Јувентус, Милан како позајмен играч, Челзи исто така како позајмен играч, а кариерата ја завршил во американскиот Интер Мајами. Најголем белег оставил во дресовите на Реал, Наполи и Јувентус, каде што редовно бил меѓу најдобрите стрелци во лигата и еден од главните играчи на своите тимови.

Што се однесува до трофеите, Игуаин освоил практично сè што е најважно од домашните титули во клубовите за кои играл. Со Реал Мадрид освоил три титули шпански првак, Куп на кралевите и два шпански Суперкупови. Во Наполи го освоил Купот на Италија и италијанскиот Суперкуп, додека со Јувентус освоил три титули првак на Италија, два Купа на Италија и два италијански Суперкупови. Во Челзи ја освоил и Лига Европа, што е неговиот најголем европски трофеј во кариерата.
Живот во Мајами по фудбалот
По пензионирањето, Игуаин останал да живее во Мајами, каде што работи со помладите категории во Интер. Ретко се појавува во јавност и не користи социјални мрежи, поради што многумина веќе и го подзаборавиле.
Токму затоа фотографијата, која ја направил еден обожавател откако го сретнал во спортска продавница, силно одекна во јавноста. На неа популарниот Пипита е со порасната брада, проретчена коса, облечен во маица без ракави, кратки панталони и влечки.

Иако многумина се посомневале дали тоа навистина е тој, препознатливата тетоважа на левата рака го потврдува неговиот идентитет. Се чини дека поранешниот аргентински ас едноставно се опуштил и ужива во животот далеку од очите на јавноста.









