[ФОТО] Актерката од култната серија покажа повеќе отколку што сакала: Фустанот само се лизнал и открил премногу

Точка

03/05/2026

09:35

1.582

Големина на фонт

а а а

Тори Спелинг, некогашната ѕвезда на серијата „Беверли Хилс 90210“, во последно време сè почесто привлекува внимание со своите модни избори на настаните со познати личности.

Иако овојпат станува збор за мал настан во ресорт и спа-центар во Малибу, Спелинг сепак не поминала незабележано.

Педесет и двегодишната актерка привлекла внимание со смел, елегантен фустан во маслинесто-зелена боја, меѓутоа нејзиниот беж градник бил во прв план.


Сепак, не е познато дали актерката сакала градникот да се гледа на тој начин или не, со оглед на тоа што на некои фотографии е покриен, додека на други целосно се гледа под проѕирниот дел од фустанот.


Тесниот фустан, кој ја истакнал нејзината фигура, имал интересни детали со асиметричен крој — еден долг ракав и едно голо рамо. Со него искомбинирала едноставна фризура како и едноставна шминка.


На настанот пристигнала речиси еден месец откако учествувала во сообраќајна несреќа. На Инстаграм неколку дена подоцна споделила видео во кое рекла: „Само сакав да ви се јавам на сите. Ми требаше малку време да го објавам ова, бидејќи, како што повеќето од вас знаат, четири од моите деца, јас и тројца нивни пријатели доживеавме сообраќајна несреќа неколку дена пред Велигден во Темекула“.


Потоа нагласила дека сите се добро, но дека ситуацијата била тешка. „Благодарни сме и среќни, бидејќи можеше да биде многу полошо“, истакнала актерката.