Мартин Томовски блеска на голот, а Битигхајм реди победи и е многу блиску до остварување на целта, пласман во првата германска лига.
Битигхајм дојде до петтиот триумф во низа, деветти на последните десет средби и тоа против Хаген. Лидерот на табелата славеше со 37:30 и тоа во соочување во кое имаше плус пет по првиот дел (18:13), предност која потоа дополнително ја зголеми до крајот.
Нашиот репрезентативец Томовски имаше важна улога со 11 интервенции или 31 процент на одбранети удари. Кога е во прашање листата на стрелци, истата ја предводеше Орлов со 9 погодоци.







