Во инспиративна и автентична атмосфера во скопското кафуле Бонобо, брендот YOVA пред клиенти, медиуми, инфлуенсери и блиски соработници официјално ја претстави својата нова колекција чанти „Блосом“ за сезона Пролет/Лето 2026.
Настанот беше посветен на новата креативна насока на брендот, кој преку колекцијата „Блосом“ ја истражува идејата за цутење како процес - личен, емоционален и динамичен. Инспирирана од различните фази низ кои поминува жената, колекцијата носи пет модели на рачно изработени ташни, секој со свој карактер и израз.

Гостите имаа можност одблиску да ги погледнат и подобро да се запознаат со новите модели Ринг, Фиори, Бисера, Луна и Реса - пет форми што ја отсликуваат современата жена низ состојби како радост, самодоверба, енергија, внатрешна вредност и смиреност.
Чантите се изработени рачно, со посебен фокус на техниката на хеклање, која YOVA ја развива во современ моден занает. Преку внимателно одбрани премиум материјали и развиени производствени стандарди, секој модел комбинира традиција и современ дизајн, создавајќи производ со долгорочна вредност.
Дополнителна вредност носи и соработката со италијански партнери за дигитален пасош на производите, како и соработката со семејството Талеви, носители на традицијата на охридски бисери, што на моделите им дава автентичен културен слој.

Во рамки на настанот се обратија основачките на YOVA, Натали Ристовска, креативен директор, и Оливера Ристовска, маркетинг директор, кои зборуваа за инспирацијата зад колекцијата, процесот на нејзино создавање и визијата за развој на брендот. Тие ја истакнаа важноста на зачувување на традиционалните техники и нивно трансформирање во современ и одржлив моден израз.
На присутните им се обрати и член на семејството Талеви, кој ја поздрави иницијативата на млади жени да се посветат на занаетчиство и рачна изработка, нагласувајќи ја важноста од зачувување и унапредување на традиционалните вредности.

Колекцијата „Блосом“ се издвојува и по својата функционалност - моделите се дизајнирани да се носат на повеќе начини, овозможувајќи секоја жена да ја прилагоди ташната на својот стил и потреби.
Со овој настан, YOVA уште еднаш ја потврди својата позиција како бренд што ја трансформира традиционалната изработка во современ, релевантен и препознатлив моден израз.
Моделите од новата колекција „Блосом“ се веќе достапни за купување преку официјалната веб-страница на YOVA.




















