Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ не е против ЕУ, туку против лоши договори и неефикасни политики

Макфакс

27/04/2026

12:04

122

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ не е против Европската унија, туку против лоши договори и неефикасни политики кои се симбол на СДС, порача денеска пратеникот на партијата, Бране Петрушевски.

Тој упати критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека со, како што рече, „слугување на Зоран Заев“ не може да се зборува за европска иднина.

„Брисел не бара и не сака само реторика дека некој ја сака Европската унија, туку бара конкретни дела“, изјави Петрушевски.

Според него, Филипче и раководството на СДС се противат на законски измени за укинување на техничката влада и за пратениците да имаат само македонско државјанство, додавајќи дека тоа не е политика што ја очекува Брисел.

Петрушевски рече дека Филипче треба прво да ја консолидира сопствената партија, наместо, како што наведе, да шири лаги за ставовите на ВМРО-ДПМНЕ околу европската интеграција.

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува европската интеграција, но се залага за, како што рече, достоинствено преговарање, јасни црвени линии и реформи што функционираат во пракса.