Патничка тешко повредена по нагло кочење на автобус во Скопје

Макфакс

26/04/2026

15:13

291

Големина на фонт

а а а

На 25 април 2026 година во 16:10 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 74-годишната С.Д. од Скопје.

Според пријавеното, додека се превезувала со автобус број 9, кај Бит Пазар, возачот нагло закочил, при што таа паднала и се здобила со повредите.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.