Трамп вели дека пукањето во хотелот било трауматично за Меланија, а американскиот претседател додаде дека првата дама на САД „веднаш“ знаела што се случува...
Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше на прес-конференција по пукањето во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што тој и првата дама Меланија Трамп приредија традиционална вечера за новинарите од Белата куќа.
Тој рече дека ова искуство било „трауматично“ за неговата сопруга и дека Меланија „веднаш“ знаела што се случува кога се слушнале истрелите.
Американскиот претседател додал дека на почетокот не сакал да си замине.
„Се борев со сите сили да останам“, изјавил Трамп на прес-конференција во Белата куќа и додал дека сепак му било кажано дека протоколот бара да си заминат бидејќи не е јасно дали станува збор за осамен напаѓач или за неколкумина.

Шефот на Белата куќа рекол дека вооружениот маж, кој имал неколку парчиња различно оружје, бил совладан од „многу храбри членови“ на Тајната служба.
Осомничениот е уапсен и идентификуван како Кол Томас Ален, 31, од Торанс, Калифорнија.
На видеото од моментот кога се слушаат истрелите, може да се види исплашеното лице на Меланија Трамп, која потоа се спушта под масата, а агентите на Тајната служба го зграпчуваат американскиот претседател и двајцата се евакуирани од салата.























