[ФОТО/ВИДЕО] Во Лондон направено најдолгото тирамису во светот – 400 метри слатко уживање

Точка

27/04/2026

09:09

360

Големина на фонт

а а а

Сто италијански готвачи во Старото градско собрание на Челзи во Лондон го направиле најдолгото тирамису во светот и го срушиле Гинисовиот рекорд.

Тие направиле тирамису кое е долго над 440,58 метри, со што го срушиле рекордот од 2019 година поставен од Миланезе Галбани во Милано, кој изнесувал 273,5 метри.

Во текот на два дена, користејќи само свежи состојки, готвачите работеле напорно за да го подготват овој италијански десерт. Вкупно 19.000 јајца, 400 килограми шеќер и 128.000 пишкоти биле употребени за да се направи тирамисуто, чие склопување траело околу пет часа.


Во градското собрание, веста дека рекордот е соборен била примена со воодушевување, а готвачите и гледачите славеле со италијанската национална химна пред десертот да им се подели на присутните.


Еден од најдобрите готвачи на настанот во Лондон бил Кармело Карневале кој рекол дека тирамисуто мора да биде високо најмалку 8 см и широко 15 см за да се собори рекордот.

Карневале бил многу горд што можел да ги покаже некои од парчињата што ги создале готвачите. На прашањето што навистина прави едно тирамису да биде вкусно, одговорот на Карневал бил: „Многу добро кафе, убав и цврст крем, а исто така и многу страст“.


Според правилата на Гинисовата книга на рекорди, тирамисуто се прави и склопува во живо на самото место, користејќи неверојатни 50.000 пишкоти и повеќе од 3.000 јајца.