Манекенката Џиџи Хадид го прослави својот 31-ви роденден, а по тој повод се пофали на социјалните мрежи со раскошниот подарок што го добила од своето момче, актерот Бредли Купер.
Манекенката, која наполни 31 година на 23 април, на својот Инстаграм профил откри со што ја изненадил 51-годишниот актер.
Имено Купер ѝ подарил на својата девојка огромен букет цвеќе исполнет со жолти, розови, црвени и бели цвеќиња поставени меѓу богато зеленило.

Манекенката го ставила својот подарок на трпезариската маса за секојдневно да ѝ го украсува животниот простор.
„Мој човек, нема ништо“ напиша Џиџи со фотографијата, додавајќи емотикон со изненадено лице.

Потсетуваме Хадид и Купер првпат беа романтично поврзани во октомври 2023 година. Тие ја чуваат својата врска подалеку од очите на јавноста, а манекенката објави фотографија од актерот само еднаш, за нејзиниот јубилеен 30-ти роденден.







