Малолетник од Штип возел скутер на едно трколо, МВР го идентификуваше

Макфакс

16/05/2026

19:30

132

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи го реши случајот со малолетник од Штип кој управувал скутер на едно тркло, загрозувајќи ја безбедноста во сообраќајот. Лицето е идентификувано и против него се преземаат законски мерки.

Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистен случајот од видео објавата споделена на социјалната мрежа Фејсбук, на која се забележува лице кое управува скутер на едно трколо и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот.

-Полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на 11.05.2026 година околу 21:00 часот, на раскрсницата помеѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Борис Крајгер“ во Штип, Е.Б. (15) од Штип сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, како и сообраќајни прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Лицето е пронајдено и идентификувано, а против него се преземаат соодветни законски мерки согласно важечките законски прописи, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да се однесуваат совесно и одговорно и да не изведуваат опасни дејствија со кои се загрозува сопствената безбедност, како и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.