Минесота заработи сериозен удар со повредите на Донте ДиВинченцо и Ентони Едвардс уште во првото полувреме, но и тоа не ги спречи борбените „волци“ да стигнат до трета победа во серијата со Денвер.
Нагетс се пред елиминација уште во првата рунда на плејофот бидејќи го загубија и вториот дуел на гостувањето, на кое Минесота повторно одигра одлично во одбрана, а во нападот доби неочекувани херои.
ДиВинченцо заработи посериозна повреда и ќе оди на подолга рехабилитација, додека статусот на Едвардс е неизвесен, откако незгодниот доскок го испрати директно во соблекувалната среде натпревар.
Досунму ја искористи шансата и постигна дури 43 поени на овој натпревар, а реализаторски зад него беа Рид и Рендл со 17, односно 15 поени.
Мареј со 30 поени ги предводеше реализаторите во Денвер, додека Јокиќ го заврши натпреварот со 24 поени, 15 асистенции и 9 скокови.
Њујорк ја победи Атланта на гостински терен со 98:114 и израмни на 2:2 во серијата од источната конференција.







