[ВИДЕО] Нов викенд, нов голем успех за Дарио: Македонец победи на полумаратонот во Дубровник

Дерби

26/04/2026

13:00

457

Големина на фонт

а а а

Дарио Ивановски пишува македонска историја како најдобар атлетичар на долги стази во постоењето на нашата земја, а неговите резултати се повеќе добиваат значење и надвор од границите.

Ивановски минатиот викенд со второ најдобро лично време се избори за извонредно второ место на маратонот во Белград, но една недела подоцна, се прикажа во брилијантно светло и во Хрватска.

Дарио денеска беше на стартот на полумаратонската трка во Дубровник, а делницата од 21 километар ја заврши најбрзо од сите.

Ивановски ја истрча полумаратонската делница за 1 час, 6 минити 30 секунди, време кое беше убедливо најдобро и недостижно за конкуренцијата.

Гордоста за новиот голем успех не ја криеше неговиот тренер Игор Јакимовски, кој преку социјалните мрежи долови и моменти во живо од крајот на трката во Дубровник, односно моментот кога Дарио ја минува целта со македонското знаме во своите раце.