[ФОТО] Адријана Лима позираше со ќерките во првата заедничка кампања за „Victoria's Secret“: „Беше магично“

Точка

25/04/2026

16:42

298

Големина на фонт

а а а

Адријана Лима и нејзините ќерки Валентина и Сиена позираа во првата заедничка кампања за Денот на мајката.

Тие се дел од кампањата на „Victoria's Secret“, „Modeled After Mom“, покрената во чест на Денот на мајката.

Зборувајќи за соработката со своите ќерки на овој проект, Лима изјави: „Тоа беше како мој сон и навистина сум исполнета како мајка“.

Лима откри дека нејзините ќерки сонуваат во иднина да се остварат како актерки и модели, па фотографирањето за кампањата било посебно за нив.


„Да имаме можност јас и тие да бидеме заедно на фотографирањето беше навистина магично. Тоа беше посебен момент за Денот на мајката и беше ден што нема да го заборавиме. Тоа е нивното прво професионално фотографирање“, изјави таа.

Лима тврди дека навистина уживале на фотографирањето, а како најдрага фотографија ја издвоила онаа на која лежат на каучот.

„На таа фотографија јас сум долу, Вален е горе и Сиена е врз мене. Во нашиот дом сме седуммина и сите заедно уживаме“, изјави таа.


Адријана Лима има две ќерки со поранешниот сопруг Марко Јариќ, а моментално е мажена за Андре Лемерс. Тие имаат тригодишен син Сајан, а нивниот дом го надополнуваат и децата на Лемерс од претходна врска, Миа и Лупо.

Како манекенка, Лима работи за „Victoria's Secret“ од 1999 година, а за „People“ наведе дека се чувствува исполнето бидејќи и нејзините ќерки сега се во тој тим.


„Како некој што работи со овој бренд и верува во него повеќе од 20 години, беше посебно да имам можност да ги запознаам своите деца со тоа, особено со оглед на нивните манекенски желби. Секогаш им велам дека ќе поддржувам сè што ги прави среќни. Сè додека сакаат да бидат во оваа индустрија, ги поддржувам. Ако сакаат да се променат и да побараат нешто друго, и тоа е во ред“, наведе таа.

Иако нејзините ќерки имаат манекенски амбиции, Лима тврди дека не им понудила никакви насоки за позирање за оваа кампања, туку ги оставила да го прават она што им изгледа природно.