[ВИДЕО/ФОТО] Снимка од изборната ноќ во Белград покажува полицајци во формација пред градското собрание

Точка

09/11/2026

09:28

609

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појави снимка за која се тврди дека е направена на 25 октомври 2026 година. На неа се гледаат полицајци во заштитна опрема и полициски возила во центарот на Белград.

На снимката што ја објави страницата „Serbia Live Vesti“ се гледаат полицајци во заштитна опрема како се движат во формација, како и повеќе полициски комбиња. Според објавата, видеото е снимено во 21:31 часот на 25 октомври 2026 година, во близина на Собранието на Град Белград.

Тој ден во Србија се одржаа предвремени парламентарни избори. Екипата на „Нова.рс“ забележала засилено полициско присуство на повеќе локации во центарот на градот уште во текот на денот. Возила на Жандармеријата биле паркирани во оградениот простор кај Републичката изборна комисија, кон Пионерскиот парк. Според истиот извештај, автобуси со припадници на единицата пристигнале и кај Собранието на Србија и Стариот двор.

Полицајци и полициски возила во центарот на Белград

Полициски возила и полицајци во Белград. Фото: Владислав Митиќ / Нова.рс

Од каде е бројката од 4.000 полицајци?

Во објавата на Инстаграм се тврди дека околу 4.000 полицајци биле распоредени во околината на изборната комисија и дека околните улици биле затворени. Поранешниот командант на српската Специјална антитерористичка единица, Спасоје Вулевиќ, во интервју за „Време“ зборува за околу 4.000 полицајци ангажирани во изборната ноќ. Точниот број на полицајци распоредени кај комисијата останува непотврден.

„Нова.рс“ за објавената снимка · Републичка изборна комисија