Корисниците од дел од Џон Кенеди утре без вода, намален притисок ќе има во населбата Топанско Поле

Макфакс

09/11/2026

08:50

304

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и Канализација известува за прекин на водоснабдувањето утре во дел од населбата Џон Кенеди поради работи на водоводен приклучок, а ќе има намален притисок во населбата Топанско Поле.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека во вторник поради изведување на водоводен приклучок Ф250 на Ф125 мм. на улицата Ферид Заири 12. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од дел од Џон Кенеди и со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле, општина Чаир.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.