[ФОТО] Најзгодната водителка ја покажа својата наследничка: Сите гледаат во „голиот“ фустан на убавата русокоса

Точка

23/04/2026

20:45

733

Големина на фонт

а а а

Аманда Холден се појави на премиерата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ во најубаво друштво – со себе ја донесе ќерката Лекси Хјуз.

Водителката Аманда Холден, која секојдневно воодушевува со својот изглед и различните модни комбинации, овојпат не беше во центарот на вниманието. Иако дојде совршено облечена на премиерата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“, шоуто го украде нејзината ќерка Лекси.


Аманда за оваа пригода избра црн фустан во „сирена“ стил кој совршено ги истакнува сите нејзини атрибути, но сепак главна ѕвезда беше Лекси, која сега има 20 години.

За премиерата на долгоочекуваниот филм, наследничката на славната водителка позираше во црвен чипкан фустан, кој со својот крој неодоливо потсетуваше на модерните „голи“ фустани. Изгледот го надополнила со елегантни сандали и вечерна шминка.


Мајката и ќерката уживале во блицовите и вниманието што го привлекоа, а вистина е и дека вложиле труд околу стајлингот – беа модно усогласени меѓусебно, но и совршено се вклопуваа во целиот настан кој наликуваше на модна ревија.

Аманда Холден продолжува да воодушевува со својот изглед, дури и во шестата деценија, а изгледа дека токму сега доби и достојна наследничка.