[ВИДЕО] Босанец ја продал куќа во Германија, па купил половина од родното село: „Сакам луѓето да се вратат“

Точка

22/04/2026

18:00

694

Големина на фонт

а а а

По децении работа и успешно водење компанија за скелиња во германскиот Аугсбург, тој ја продал куќата и ги вложил парите во обнова на родното село Постиње во близина на Травник, пишува N1 БиХ.

Перо Јурчевиќ уште како дете заминал во Германија, каде што неговите родители веќе работеле. Таму изградил живот и деловен успех, но, како што наведува, родниот крај никогаш не го заборавил. Враќањето, како што рекол, било мотивирано од желбата да го оживее местото кое пред војната имало околу 120 жители, а денес е речиси напуштено.

Во меѓувреме откупил седум имоти, десетина куќи, како и големи површини шуми, ораници и ливади. Како што истакнал целта му е да го врати животот во селото кое со години пропаѓало поради иселувањето на населението.

Планира развој на туризмот

„Во Германија ја продадов куќата, а овде купив имоти на кои како дете чував крави. Денес речиси половина од селото е во мои раце, но со идеја повторно да оживее“, изјавил Јурчевиќ за Јутјуб каналот на Среќко Стиповиќ.

Тој не планира мирна пензија, туку развој на туризмот. Во Постиње работи на проект за етно-село и рурален туризам, а веќе оваа година планира да обезбеди околу четириесет сместувачки капацитети. Објектите се обновуваат, а се поставуваат и нови прозорци, врати и покриви.

Селото се наоѓа на околу 650 метри надморска височина и е оддалечено 26 километри од Влашиќ, што го прави погодно за туристички развој. Покрај сместувањето, планира и производство на локални производи. Во тоа му помага роднината Драган Балта, кој моментално работи во Швајцарија, но размислува за враќање, а една од нивните идеи е производство на пенливо вино под називот „Постињац“.


Голема поддршка од семејството

Во проектот е вклучено и семејството. Јурчевиќ има три сина кои се образовале во Германија, а, како што рекол, постои можност и тие да се вратат со своите семејства ако плановите се остварат. Поддршка има и од сопругата, бидејќи и таа ја дели неговата желба за враќање.

Според неговите зборови, постои интерес за ваков начин на живот бидејќи сè повеќе луѓе бараат мир, природа и автентично искуство, а тој смета дека токму таквите проекти би можеле да ги поттикнат и другите да се вратат во родниот крај.