Разводите влијаат на станбената состојба во Вараждин, каде што побарувачката за станови расте поради имиграцијата и ниските цени на недвижностите.
Со зголемената имиграција и побарувачката за станови, проблемот се честите разводи, поради што неопходно е да се обезбедат повеќе станбени единици.
Додека државата се обидува да најде начини да им обезбеди на младите луѓе покрив над главата, некои градови се соочуваат со специфични ситуации.

На пример, Вараждин се соочува со имиграција и голема побарувачка поради релативно ниските цени на недвижностите, но нема станови, исто како на други места. Роман Вершиќ, директор на Јавната установа Градски станови, во интервју за „eTV Studio“ открил дека причината за ова, меѓу другото, е разводот.
„Пазарот во Вараждин е сè уште под голем притисок, а побарувачката е исклучително голема. Градот Вараждин е посакувана дестинација за живот, па затоа луѓето доаѓаат од други градови, околните населби и целиот округ. Покрај тоа, друг сегмент што врши дополнителен притисок врз пазарот на домување е квалитетот на животот, односно фактот дека имаме поголем број разводи, што во пракса значи дека наместо еден, честопати треба да обезбедиме две станбени единици. Сето ова заедно создава дополнителен притисок врз пазарот и ќе видиме како ќе се развива понатаму“, изјвил Вершиќ.
Според Министерството за правда и администрација, минатата година во Вараждинската жупанија биле склучени 568 бракови, исто како и во 2024 година.
Иако податоците за разводите за минатата година не се достапни, претходната година биле регистрирани 188 разводи.

Патем, Вараждин го држел рекордот за најголем број разводи во 2023 година. Од вкупно 130 бракови, 64 биле разведени. Статистиката укажува на зголемување на бројот на бракови, но и на разводи, што ги потврдува зборовите на Вершиќ дека разводите влијаат и на состојбата со домувањето во тој град.







