Манчестер Сити го доби неделното дерби со Арсенал и на тој начин комплетно се врати во трката за титулата во Премиер лигата.
Меѓутоа соочувањето на „Итихад“ не мина без проблеми за победникот затоа што на повреда се пожали Родри и ја напушти играта во 88 минута.
Шпанецот е многу важен играч и неговото отсуство може да биде сериозен хендикеп пред клучниот дел од кампањата, но менаџерот Пеп Гвардиола соопшти добри вести кога е во прашање сонародникот.
-Мислам дека нема да биде подготвен за утре, а ќе видиме за следните натпревари. Можеби [полуфиналето од ФА Купот] против Саутемптон [во сабота] или можеби за 12 дена [против Евертон], -истакна Пеп ги предупреди играчите да не се опуштаа против Барнли.
-Разговараме веднаш во соблекувалната по натпреварот. Арсенал е на врвот на лигата и во моментов би бил шампион. Закрепнувањето е многу пократко отколку во последните неколку недели. Само неколку дена се, па затоа мора да се види како луѓето ќе се опорават емоционално и физички. Мора да одиме во Барнли и да играме на нивото што треба да го направиме. Мора да прилагодиме неколку работи од Арсенал и да одиме да го добиеме натпреварот, -порача предводникот на „граѓаните“.






