[ФОТО] Свечено отворање на националната вежба „БЛЕСОК 26“ во кампот за обука „Пепелиште“

Макфакс

20/04/2026

15:07

179

Големина на фонт

а а а

Во кампот за обука „Пепелиште“ со свечена церемонија денеска беше означен почетокот на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, која ќе се реализира во период од 19 до 27 април 2026 година.

Во кампот за обука „Пепелиште“ со свечена церемонија денеска беше означен почетокот на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, која ќе се реализира во период од 19 до 27 април 2026 година.

Од Армијата наведуваат дека вежбата претставува значаен процес за сеопфатно оценување на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), во согласност со стандардите за оценување на копнени команди и единци на Здружената команда за операции на НАТО.


Главните активности на вежбата ќе се одвиваат на армискиот полигон „Криволак“, додека дел од активностите ќе се реализираат и во касарните „Јане Сандански“ – Штип, „Мирче Ацев“ – Прилеп и „Страшо Пинџур“ – Петровец.

На денешната церемонија за отворање на вежбата присуствуваа командантот на Командата за обука и доктрини (КОД), бригаден генерал Љулзим Нуредини и командантот на Првата пешадиска бригада (1.пбр) бригаден генерал Дејан Чиплаковски, како и претставници од Командата за операции (КО).


Во своето обраќање, директорот на вежбата полковникот Арсовски ја најави реализацијата на вежбата „БЛЕСОК 26“, истакнувајќи го нејзиното значење како клучен сегмент во процесот на оценување на нивото на борбената подготвеност на ЛПБГ.

Командантот на 1.пбр, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски во својот говор ги поздрави учесниците на вежбата и им посака успешна и пред се безбедна работа во кампот за обука „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“, нагласувајќи дека вежбата „БЛЕСОК 26“ претставува кулминација на подготовките на нашиот најважен НАТО капацитет, при што и официјално ја отвори вежбата.


Во реализацијата на вежбата се ангажирани околу 1500 припадници на Армијата, НАТО монитори и набљудувачи од Мултинационалните копнени сили (Multinational Land Forces-MLF).

Паралелно со почетокот на вежбата, во касарните „Јане Сандански“ – Штип, „Мирче Ацев“ – Прилеп и „Страшо Пинџур“ – Петровец, започна процесот на оценување на борбената подготвеност ЛПБГ, при што на медиумите им беше овозможено присуство и непосредно следење на почетните активности. По тој повод, изјава за медиумите даде директорот на оценувачкиот тим, кој ја истакна важноста на оценувањето како суштински дел од процесот на верификација на целокупната борбена подготвеност на единицата.


„Вежбата „БЛЕСОК 26“ претставува значаен исчекор во континуираниот развој на оперативните способности на Армијата, потврдувајќи ја нејзината подготвеност, професионалност и посветеност кон исполнување на највисоките национални и НАТО стандарди. Воедно, таа ја реафирмира улогата на Армијата како кредибилен и сигурен партнер во рамки на колективната безбедност на НАТО и придонесува кон зајакнување на довербата, интероперабилноста и заедничкото дејствување со сојузниците“, се наведува во соопштението.