Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени! Првите цунами бранови пристигнаа на брегот: „Итно евакуирајте се на повисоко“

Точка

20/04/2026

11:06

1.410

Големина на фонт

а а а

Јапонија денес беше погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, објавува јапонскиот портал „NHK“.

Како што е наведено, јачината на земјотресот е 5+ на скала од 1 до 7. Издадено е предупредување за цунами и се очекуваат бранови високи до три метри.

На жителите од крајбрежните области им е советувано веднаш да се евакуираат и да одат на безбедни локации и на повисоки нивоа.


На граѓаните им е кажано да се држат подалеку од бреговите и устието на реките во морето, поради можно прелевање на водата.

Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот траел околу 20 до 30 секунди, а се чувствувало и нишање на зградите, објавува Танјуг


Првите цунами бранови стигнаа до брегот на Јапонија

Првите цунами бранови стигнаа до источниот брег на Јапонија. Според извештаите на локалните медиуми, тие го погодија брегот на префектурата Ивате, а бран од 40 сантиметри беше регистриран во пристаништето Мијако.

Јапонската метеоролошка агенција претходно издаде предупредување за цунами, прогнозирајќи бранови до три метри по должината на брегот на Пацификот во префектурите Хокаидо и Ивате.


Премиерката: Итно евакуирајте на повисоки места

Јапонската премиерка Санае Такаичи упати итен апел до жителите во областите погодени од земјотресот да се евакуираат на повисоки места без одложување.

„Сите во областите погодени од земјотресот мора веднаш да се евакуираат на повисоки места“, рече премиерот Такаичи во кратка порака.