Иран: Сè уште сме далеку од конечен договор со САД

Макфакс

19/04/2026

09:11

309

Големина на фонт

а а а

Главниот ирански преговарач и претседател на парламентот, Мохамад Багер Галибаф, изјави дека во преговорите со САД, кои се водат преку посредници, е постигнат одреден напредок, но дека меѓу двете страни сè уште постојат големи разлики.

„Во некои прашања во преговорите се постигнати заклучоци, а во други не. Сè уште сме далеку од конечен договор“, рече Галибаф.

Говорејќи синоќа на иранската државна телевизија, тој тврдеше и дека Иран бил успешен на бојното поле и дека САД не оствариле ниту една од своите девет воени цели.

Тој ги повтори и претходните тврдења дека Иран го контролира Ормускиот теснец.