Високите температури кои достигнуваат до 40°C и повеќе, отсега во Јапонија ќе се нарекуваат „брутална жештина“ или „кокушо-би“, соопшти во петокот метеоролошката агенција, бидејќи деновите со топлотни бранови таму стануваат сè почести.
Со користење на оваа ознака, Јапонската метеоролошка агенција (JMA) „поефикасно ќе повикува на претпазливост поради екстремно високите температури“, соопшти институцијата.

Минатата година Јапонија го доживеа своето најтопло лето откако се воведени споредливи мерења во 1989 година.

За да ја осмисли новата категорија, JMA спровела анкета меѓу населението и добила одговори од 478.000 луѓе, по што го усвоила терминот „брутална жештина“, кој бил оценет како најпопуларен.

Меѓу другите популарни предлози биле и „ден на сауна“, „ден за останување дома“ и „ден на вриење“, соопштија од JMA.






