Моите чувства се сè посилни, вели Мицкоски по писмата од Филипче до ЕУ и амбасадорите за најавен прогон на поранешни функционери

Макфакс

17/04/2026

11:30

234

Големина на фонт

а а а

По писмата што ги испрати лидерот на опозицијата, Венко Филипче, до Европската Унија и амбасадорите за сериозно нарушување на уставниот поредок по изјавата на премиерот дека „има чувство“ дека набргу високи функционери на СДСМ ќе бидат опфатени со прогони, премиерот Христијан Мицкоски вели дека чувствата му се с è посилни.

„Па добро сега, секој има право да си се допишува и да си праќа писма, но моите чувства се с è посилни“, кусо кажа утрово премиерот на поставувањето камен-темелник за доградба на ООУ „Страшо Пинџур“ во населено место Даме Груев, Општина Ѓорче Петров.

Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) извести дека лидерот Филипче во име на партијата испратил официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ и укажал на сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија.

СДСМ смета дека постои реална и основана загриженост дека извршната власт спроведува координирана стратегија за навлегување во судската независност, што укажува на јасна и систематска инсталација на авторитаризам.

Одговарајќи на новинарски прашања во средата по промоцијата на 100 нови возила за Македонска пошта, премиерот Мицкоски рече „имам чувство, кога набргу, високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството итн ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство, не велам дека имам информации, имам чувство“.