Американската војска објави нови фотографии: Носач на авиони учествува во поморската блокада

Макфакс

17/04/2026

08:21

125

Големина на фонт

а а а

Американската војска објави нови фотографии од носачот на авиони USS Abraham Lincoln, кој учествува во поморската блокада во Арапското Море.

Бродот носи осум stealth ловци F-35C, борбени авиони F/A-18, авиони за електронско војување EA-18G, командно-надѕорни авиони E-2D, како и хеликоптери MH-60 и логистички летала CMV-22B Osprey.