Хеликоптер „Ербас“ се урна во Индонезија, осум загинати

Макфакс

17/04/2026

08:19

87

Големина на фонт

а а а

Осум лица загинаа во пад на хеликоптер во Западен Калимантан во Индонезија, соопштија властите денес, додека спасувачките екипи брзаа да ги извлечат телата и остатоците.

Хеликоптерот Ербас Х130 го изгуби контактот со земјата пет минути по полетувањето од плантажата во Мелави вчера рано наутро, изјави Мохамед Сјафи, раководител на индонезиската агенција за спасување.

„Местото на падот или губењето на контактот е во густо пошумена област со стрмен, ридест терен“, рече Сјафи, додавајќи дека спасувачите пронашле остатоци за кои се сомнева дека се опашката на хеликоптерот околу три километри западно од местото каде што бил изгубен контактот.

Причината за падот останува нејасна. Портпарол на локалната служба за спасување изјави дека шест патници и двајца членови на екипажот загинале во падот.