[ФОТО/ВИДЕО] Прогласен најдобриот нов хотел за 2026 година: Нуди магичен поглед на Фиренца

Точка

16/04/2026

20:08

234

Големина на фонт

а а а

Во истражувањето на магазинот „Esquire“ за најдобрите нови хотели биле вклучени 43 нови хотели – од кои вкупно шест од Италија.

Уредниците на американскиот магазин ги истражувале новоотворените хотели во последната година за да направат список на најдобрите што вреди да се посетат. Патот ги одвел низ уметничките квартови на Париз, калифорнискиот вински регион и африканските шуми, пренесе „punkufer.hr“.


За најдобар нов хотел за 2026 година го прогласиле „Collegio alla Querce“ во Фиренца, кој е сместен на рид и нуди одличен поглед кон градот и воодушевувачки тоскански пејзаж. Хотелот е дел од „Auberge Collection“ и зрачи со историја.


Зградата на хотелот потекнува од 16 век – имотот опфаќал благородничка селска куќа со пространи градини. Околу сто години подоцна, местото било претворено во приватно училиште за елитата, познато како „Collegio“. Денес тоа е луксузен хотел со 83 соби, кој задржал дел од елементите на својата богата историја, а ентериерот е уреден според замислите на студиото „ArchFlorence“.


„Collegio alla Querce“ е опкружен со лимонови дрвја, има голем отворен базен, располага со луксузен спа-центар, а во негов состав се наоѓа и ресторанот „La Gamella“, кој служи јадења базирани на морски плодови.



На листата на најдобри нови хотели, 16 се наоѓаат во САД, уште шест во Северна и Средна Америка (Канада, Мексико, Костарика, Доминиканска Република и Порторико), 14 хотели се во Европа, четири во Азија (Бали, Јапонија, Обединетите Арапски Емирати), два во Африка, поточно во Кенија и еден во Австралија.