[ФОТО] Запленети 19 метри кубни нелегално сечени дрва на територија на ОВР Делчево

Макфакс

16/04/2026

09:04

164

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници од ОВР Делчево, по претходно добиени оперативни сознанија, во содејство со инспектори по шумарство од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Шумска полиција, на 14 и 15.04.2026 на неколку локации во Делчево и село Бигла запленија 19 метри кубни нелегално сечени дрва, и тоа 5,19 м3 борови дрва и 13.86 м3 дабови дрва.

Дрвата се одземени од страна на Шумска полиција Делчево и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 69 од Законот за шуми против правно лице- пилана во село Бигла, сопственост на В.С. (69) од село Лески, како и против Г.Г.(65) и М.Г. (69), двајцата од село Бигла.