[ФОТО] Муцунски: Утрински 6 километри низ Скопје со белгискиот министер за надворешни работи

Макфакс

16/04/2026

10:40

557

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, утрово се рекреираше со белгискиот министер за надворешни работи и делегацијата од Белгија, а од утринското трчање низ Скопје, тој сподели и фотографии на социјалните мрежи.

„Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, започнавме со поинаков почеток на денот – утринско трчање од 6 км низ Скопје.

Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска атмосфера, да споделиме дел од енергијата на Скопје и да ѝ ги приближиме на белгиската делегација препознатливите обележја на нашиот главен град“, напиша Муцунски.

🏃‍♂️ Утрински 6 км низ Скопје со белгискиот министер за надворешни работи Maxime Prévot.

Утрово, заедно со мојот...

Posted by Timco Mucunski on Wednesday, April 15, 2026